• петок, 22 ноември 2024

ВМРО - ДПМНЕ бара јавна дискусија за Законот за државјанство, Талевски ги обвинува за опструкции

ВМРО - ДПМНЕ бара јавна дискусија за Законот за државјанство, Талевски ги обвинува за опструкции
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) – Со процедуралните дискусии на седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, со барање за јавна расправа за Законот за државјанство, ВМРО – ДПМНЕ има цел да кочи и да опструира и продолжува нивното лицемерното однесување  и лажно душегрижништво, изјави за МИА претседателот на Комисијата Миле Талевски, по дадената пауза на седницата на Комисијата на чиј дневен ред единствена точка е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство, по скратена постапка, во второ читање. Според Талевски, самите пратеници од ВМРО – ДПМНЕ на седницата денеска признале дека во оваа фаза тоа не може деловнички да се овозможи. Талевски информира дека како претседател на Комисијата ги потсетил оти на отворањето на 13-та седница пред утврдувањето на дневниот ред за Законот за државјанство, а согласно член 124 од  Деловникот на Собранието, се дава можност на присутните пратеници да предложат свои предлози согласно потребата на Комисијата односно предложените точки на дневен ред. - На 5 март 2021 година на отворањето на седницата ниту еден од пратениците, вклучително и пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, не даде предлог за  јавна дебата или повикување експерти. Согласно тоа, дневниот ред беше усвоен со 8 гласа „за“ од 11 присутни, изјави Талевски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност. На прашањето дали има поднесено амандмани од страна на ВМРО – ДПМНЕ, Талески одговори дека амандмани од пратениците на ВМРО – ДПМНЕ не се поднесени. На седницата процедурални забелешки имаа речиси сите пратениците од ВМРО – ДПМНЕ членови на Комисијата и бараат јавна дискусија. Ставот на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, членови на Комисијата, е дека решенијата не се доволно добри и дури во некои моменти се противуставни бидејќи, сметаат, се прават пропусти и во редовната постапка за добивање државјанство, што пак, според нив е прифатливо, а нашата држава на тој начин ќе има најлиберални правила во Европа за стекнување документи, што, подвлекуваат, не е дозволиво за една сериозна држава што претендира да стане член на ЕУ. За законот, според најавите, се подготвени десетина комисиски амандмани, по разговорите на пратениците и претседателите на СДСМ и премиер Зоран Заев и на АА и Алтернатива Зиадин Села. Се очекува да продолжи седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. цр/са/

Остани поврзан