• среда, 04 декември 2024

ВМРО-Народна партија: Да се размисли околу правна форма за укинување на приватните пензиски фондови и враќање на единствениот државен пензиски фонд

ВМРО-Народна партија:  Да се размисли околу правна форма за укинување на приватните пензиски фондови и враќање на единствениот државен пензиски фонд

Скопје, 4 декември 2024

ВМРО-Народна партија со внимание ја следи дискусијата што деновиве се развива во Северна Македнија, за дупката во пензискиот фонд како и за зголемувањето на старосната граница за пензија и можното зголемување на даноците како мерка за пополнување на дупката.

Сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека во последните десетина години неколку пати сме ја алармирале јавноста за можната ескалација на ова горливо прашање и жално е што во оваа дискусија никој не зборува за вистинскиот проблем, а тоа е системска проблематика која настана со реформата при формирањето на приватните пензиски фондови.

Во овој случај не можеме никого да обвиниме затоа што тоа беше наметната реформа од Светската банка и монетарниот фонд, меѓутоа со жалење можеме да констатитраме дека никој во сиве овие години не се обиде да сфати каде е проблемот.

Како за потсетување е и фактот дека оваа ситуација со приватните пензиски фондови како дискусија ја имаше скоро во сите држави од поранешниот комунистички блок.

Затоа ВМРО-Народна партија смета дека решението не е ниту во промена на старосната граница за пензија, ниту во зголемувањето на даноците туку треба да се размисли околу правна форма за укинување на приватните пензиски фондови и враќање на единствениот државен пензиски фонд.

 

Центар за комуникации на  ВМРО-Народна партија

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан