• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче промовира нови мерки, ама не знае кога ќе почне да се применуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче промовира нови мерки, ама не знае кога ќе почне да се применуваат
Скопје, 16 август 2021 И на прагот на четвртиот ковид бран Филипче пак не знае што прави. Предложи едни мерки, па се пишмани. Сега промовира нови, односно да се бара ПЦР тест за влез и за излез од земјава, арно ама не знае нити тоа кога ќе почне да се применува. По неподготвотеност да се одговори на првите три брана, ист е случајот и со третиот. Не знаејќи што да прави Филипче приодонесе само да се развие четвртиот бран, Македонија ја направи ново жариште и убедливо ја држи на врвот на светската листа на починати од корона на милион жители. Или во земјава бројката на починати се движи кон шест илјади, а на светската листа оди „напред“ или од 6 или 7 место сега Македонија е на петто место по смртност. Секој ден има скоро и по десеттина мртви. На сите веќе им е јасно дека предложнените мерки кои стапија денес на сила се дискриминаторски и не може да се спроведат бидејќи се конфузни и нереални. Тоа го покажа и денешната слика по кафулињата и рестораните. Од Филипче се чека само едно, да замине од функцијата и да се спаси народот. Реакција на ставовите од интервјуто на Венко Филипче за Сител телевизија Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан