• понеделник, 25 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да набави вакцини, а не да чека донации

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да набави вакцини, а не да чека донации
Скопје, 11 февруари 2021 Венко Филипче наместо да се шета по телевизии, треба да се фати за работа, да набави вакцини, а не да чека донации. Со откажување на донацијата од Србија се покажа дека не може ни да го земе тоа што му го даваат. На Филипче работа му е да набави вакцини, а тој прво се шеташе, молеше за вакцини, наместо да преговара за договори за набавка. И така се случи за пократок временски период да се дојде до формула за вакцината, да има вакцини од повеќе производители, ама никако да се случи да стигнат вакцини против корона. Филипче не е способен да набави вакцини, а неговата неспосбност се покажа уште на почеток на корона кризата кога ги остави медицинските лица без опрема за лична здравствена заштита. Филипче наместо да си прави промоција со измислени работи, треба да трча по вакцини. Скоро три илјади лица се починати, колку ќе беа спасени ако имаше вакцини? Филипче бесрамно лаже! Затоа оставка веднаш! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан