• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски е навидум спасен од кривична одговорност

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски е навидум спасен од кривична одговорност

Скопје, 20 август 2021

Вечерва со Одлука на Влада Оливер Спасовски е навидум само спасен од кривична одговорност за ограничени слободи и права на над 40.000 граѓани на кои не им издале лична карта.

Оливер Спасовски не може да побегне од одговорноста што со месеци десетици илјади граѓани не можат да си ги остварат своите секојдневни обврски, да учествуваат во правниот промет, да подигнат или да испратат пари во банка.

Десетици илјади граѓани заради Оливер Спасовски беа оставени на маргините на системот.

После 30 години откако Македонија е независна се случи системот да не функционира. Крах на системот немало ниту во транзицијата, ниту 2001 година.

Оливер Спасовски и Зоран Заев ќе одговараат, а првата казна доаѓа во октомври. Време е за Македонија за сите луѓе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан