• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Со покачувањето на цената на струјата, за 700 денари поголеми сметки месечно

ВМРО-ДПМНЕ: Со покачувањето на цената на струјата, за 700 денари поголеми сметки месечно
Скопје, 13 јанјуари 2022 Во време кога Мицкоски е директор на ЕЛЕМ и советник во владата, цената на струјата се намалува за 0.5%, додека во време на СДСМ се зголемува за 32%.Во 2015 година 1 киловат час електрична енергија чинел 4.47 денари, кога претседателот Христијан Мицкоски станува советник во влада и директор на ЕЛЕМ ја намалува цената на струјата на 4.45 денари за киловат час, за со СДСМ и пиунот Ковачевски денес да имаме зголемување од 31.9%, и 1 киловат час електрична енергија чини 5.87 денари.Во 2017 година кога Мицкоски е директор на ЕЛЕМ 500 киловат часови потрошена струја чинела 2.225, а сега кога пиунот Ковачевски и неговиот ментор Заев се на власт 500 киловат часови струја чини 2.935 денари.Со покачувањето на струјата, мерка на пиунот Ковачевски секое семејство плаќа по најмалку 700 денари повеќе за струја месечно отколку кога претседателот Мицкоски раководел со ЕЛЕМ. Пиунот Ковачевски и СДСМ не можат да ги излажат граѓаните. Тие точно знаат колку ја плаќале струјата кога претседателот Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, а колку сега кога пиунот Ковачевски и неговиот ментор Заев владеат.Со СДСМ струјата ќе станува се поскапа. Затоа потребни се брзи предвремени парламентарни избори час поскоро. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан