ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се извинат на граѓаните што ги лажеа, што лицитираа со македонските интереси и ја распродадоа државата
- СООПШТЕНИЕ - РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ НА СТАВОВИ НА СДСМ

4 јули 2025
СДС нема право да зборува за патот на Македонија кон ЕУ. Токму тие, се оние кои го убедуваа народот дека ако се смени уставот, на Македонија ќе и се отвори патот кон ЕУ.
И Заев, и Ковачевски, и Маричиќ, и Османи, а и сегашниот лидер на СДС, Филипче, заедно му дадоа инструмент во рацете на Бугарија за да и стави пречка на државата на патот кон ЕУ.
Да се извинат на граѓаните што прво ги манипулираа, им ја потценија интелигенцијата, а и што ја блокираа европската перспектива.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки