ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук реклами
- СООПШТЕНИЕ
![ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук реклами](https://mia.mk/images/20250210093233_big_730x400_47.webp )
Скопје, 10 февруари 2025
Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами.
280 илјади евра завршија на промоција на пропаднатите политики на СДС, Заев и Ковачевски, кои ја упропастија државата.
СДС, Заев и Ковачевски, дадоа 280 илјади евра да ја покријат одговорноста и за модуларната болница во Тетово, и за Дурмо Турс и за тендерите на Васко Ковачевски, и за сите криминали и рекети кои ги направија.
280 илјади евра СДС, Заев и Ковачевски потрошија за дефокус на народот додека браќата на Заев и Филипче градеа фотоволтаични централи заедно, и додека владата на Ковачевски даваше земја за соларна централа на неговата сопруга.
Наместо за народот, СДС, Заев и Ковачевски потрошија 280 илјади евра за нивните лаги и манипулации.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.