• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Објавен е оглас за образовни асистенти спротивно на закон

ВМРО-ДПМНЕ: Објавен е оглас за образовни асистенти спротивно на закон
Скопје, 9 август 2022
 
Објавен е „Јавен оглас за вработување на 200 стручни соработници-приправници - образовни асистенти за ученици со попреченост во основно образование“.
Во огласот, во посебни услови за кандидатите пишува дека кандидатите може да имаат образование за специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, НО и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава и наставник во предметна настава.
Република Македонија има Закон за наставници и стручни соработници во кој јасно се разграничени компетенциите на едните и другите од што произлегува дека огласот е во спротивност на законот.
Значи ли тоа дека во некој иден закон сите ќе бидат воспитно-образовни работници со најразлични компетенции и бараме Власта да објасни како во иднина со измешани компетенции ќе ги разграничи овие 2 групи на професионалци?
Претпоставуваме дека оправдувањето ќе биде дека во недостаток на стручни соработници за работно место „образовен асистент“ неспособната Влада ги вклучува и наставниците.
Лага како и секогаш за својата неспособност да ја прикријат со хумано дело.
Вистината е дека се ближат избори и дека на „Агенцијата за вработување со име СДСМ и ДУИ“ им треба гласачка армија. Тоа што штетата отпосле ќе треба да се поправа нив не ги интересира.
После сѐ да не бидеме погрешно разбрани, на децата со попреченост им требаат асистенти и треба да ги добијат, ама Владата да се потруди и законите да ги почитува!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан