ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони народни пари требаше да завршат во џебовите на Заев и Филипче со планот за преземање на болницата „Жан Митрев“?
- Секојдневно на виделина излегуваат нови факти дека на СДС и на Венко Филипче за време на 7-годишното владеење приоритет не им биле граѓаните, туку сопствените лукративни цели и интересите на тесен круг луѓе блиску до врхушката на СДС, како и бизнис-зделките договорени со менторот Заев, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - Секојдневно на виделина излегуваат нови факти дека на СДС и на Венко Филипче за време на 7-годишното владеење приоритет не им биле граѓаните, туку сопствените лукративни цели и интересите на тесен круг луѓе блиску до врхушката на СДС, како и бизнис-зделките договорени со менторот Заев, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално.
Во низата афери најскандалозен е случајот со планот на Филипче и на Заев за преземање на болницата „Жан Митрев“, кој во јавноста доби потврда и од самиот доктор Жан Митрев.
Филипче и Заев имале точно разработен план како да ја преземат болницата „Жан Митрев“. Класичен модел на дејствување на кланот Заеви и Филипче преку притисоци, уцена, закани, злоупотреба на институциите и влијание врз судски постапки да остварат лични цели и огромен профит.
За таа цел, Филипче и Заев имале добро подготвен план за што говори фактот со зголемувањето на сумата од ФЗО што ѝ се префрла на болницата. Сумата во 2020 година достигнала речиси 11 милиони евра, што е речиси двојно за разлика од сумата одвоена за болницата во 2015 година.
Планот за преземање на приватната болница не им поминал, што буквално би значело приватизирање народни пари.
Филипче да не молчи и да одговори дали навистина имал цел со преземање на болницата „Жан Митрев“ да си приватизира за лична корист пари од народот?
Колку ќе профитирале Филипче и Заев од зделката за планот што го скроиле и колку народни пари ќе завршеле во нивните џебови?
ЈО да го истражи случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветена за заштита на јавниот интерес и борба против криминалот и корупцијата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото МИА архива