• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Една недела ДКСК молчи за распределбата на субвенции за инвертер клими

ВМРО-ДПМНЕ: Една недела ДКСК молчи за распределбата на субвенции за инвертер клими
Скопје, 22 мај 2021 

Една недела ДКСК молчи за начинот на распределбата на субвенции за инвертер клими од Шилегов. Една недела откако поднесовме претставка и документација. Од ДКСК ни трага ни глас.

Имаме сомнежи дека субвенциите се делени по партиски клуч, а изнесовме и информации дека субвенции добивале лица со живеалиште во централното градско подрачја, кои живеат на улиците „Народен Фронт“ и улица „Македонија“, каде што има приклучок на градска топлификациона мрежа, или се греат на струја, но не се греат на дрва.

Во исто време запоставени се жителите на Лисиче, Ѓорче Петров, Драчево и други населби, кои се греат на тврди горива и во текот на зимскиот период влијаат на зголемено загадување на воздухот. Шилегов го најави проектот како помош за нив, а заврши како помош за луѓе кои воопшто не се во зоните извор на загадување.

Уште поголем сомнеж фрли и произволноста на службите кои работат под диктат на Шилегов, а кои прифаќале за едни апликанти потврди од БЕГ, а за други изјави од Нотар. Никаква заштита на личните податоци на граѓаните и немало никаква унифицираност при нивната работа.

За сите овие сомнежи поднесовме претставка до ДКСК, но од таму нема реакција кога станува збор за Шилегов. Зошто се молчи?

Светлана Колариќ, советничка во Советот на Град Скопје ____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан