• четврток, 19 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Единствен виновник за хаосот со јавниот превоз во Скопје е Данела Арсовска во коалиција со СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Единствен виновник за хаосот со јавниот превоз во Скопје е Данела Арсовска во коалиција со СДС и ДУИ

Скопје, 15 октомври 2024

Единствен виновник за хаосот со јавниот превоз во Скопје е Данела Арсовска во коалиција со СДС и ДУИ.

Одамна е демаскирана коалицијата на Арсовска со СДС и ДУИ.

Коалицијата Арсовска, СДС и ДУИ од свои лукративни причини го предизвикуваат уништувањето на Скопје. Сите кадри именувани од Арсовска се функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ.

Арсовска е градоначалник и единствено одговорна за хаосот во Скопје.

Арсовска е единица мерка за неспособност и криминал.

Одамна стана јасно дека на Арсовска сите други и се криви само таа не е.

Единствена работа која истата треба да ја работи е да го чисти ѓубрето од улиците и да има ефикасен јавен превоз, и овие две работи истата не може и е неспособна да ги прави.

Арсовска треба што побрзо да си даде оставка и да ги спаси Скопјани од маките во кои самата ги втурна.

ВМРО-ДПМНЕ има јасен план, програма и визија за развој на општините.

Град Скопје и Општините ќе добијат 250 милиони евра за инфраструктурни проекти.

Никогаш претходно немало во толку голем обем вложувања секаде и за сите како сега со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден, со  превземањето на општините работат на проекти и нема населено место во кое не се работи на некој нов проект.

ВМРО -ДПМНЕ има поинаков пристап, ВМРО-ДПМНЕ има план и проекти, неспособноста завршува со СДС и ДУИ.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива

Остани поврзан