• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Додека седум години власт на СДС беше мисловна именка да има учебници, сега сите ученици ќе имаат учебници по сите предмети

ВМРО-ДПМНЕ: Додека седум години власт на СДС беше мисловна именка да има учебници, сега сите ученици ќе имаат учебници по сите предмети

Скопје, 31 август 2025

По седум години власт предводена од СДС, сега на стартот на оваа учебна година секој ученик ќе има учебници. За седум години власт на СДС беше мисловна именка учениците да добијат учебниц, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренеува интегрално.

Најголем дел од учебниците веќе се и доставени во училиштата, или 90 проценти се доставени, останатите 10 проценти се доставуваат деновиве.

И не само тоа, прашањето дали има нема учебници за учениците оваа година се затвора, веќе проблем со набавка на учебници и достава до учениците нема да има.

Учебници има за сите ученици во основно и средно образование. За средното стручно образование и минатата година имаше стотина печатени, оваа година има педесетина печатени нови наслови, а педесетина се достапни на веб-страниците.

Решен и проблемот со учебници по странските јазици кои се учат.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека со волја и макотрпна работа се постигнува се. Реалноста е видлива, Македонија се трансформира.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан