• вторник, 19 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Бесими и Ковачевски се фалат со кредитен рејтинг класифициран со поимот „ѓубре“

ВМРО-ДПМНЕ: Бесими и Ковачевски се фалат со кредитен рејтинг класифициран со поимот „ѓубре“
Скопје, 21 август 2021 Бесими и Ковачевски се фалат со кредитен рејтинг класифициран со поимот „ѓубре“, државата е високо ризична според Стандард и Пурс. Македонија според оваа класификација е земја со висок ризик за неможност да ги финансира своите долгови кон кредиторите. ББ - кредитниот рејтинг во полето на високоризични земји го одвраќа секој инвеститор или комерцијална банка која ќе сака да и позајми пари на државата или да го стори тоа, но по енормно високи камати. Оваа оценка на Стандард и Пурс кажува дека сите кредити во иднина ќе бидат со потенцијално повисоки камати. Стандард и Пурс само потврдува она за кое со години алармираме, дека Заев ја движи Македонија кон инсолвентност. За прв пат долгот е над 7 милијарди евра и за само 4 години е зголемен скоро двојно. Време е Заев да си оди. Лошите политики ќе ја уништат државата. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан