• недела, 22 декември 2024

ВЛЕН: Законот за правична застапеност ќе ги елиминира партиските злоупотреби во администрацијата

ВЛЕН: Законот за правична застапеност ќе ги елиминира партиските злоупотреби во администрацијата

Скопје, 11 септември 2024

Коалицијата ВЛЕН, како нова сила и надеж на Албанците во Северна Македонија, решително прогласува крај на долга епоха на злоупотреба и политичка манипулација, која во текот на 22 години ДУИ ја користеше за да ја задржи власта.

Оваа партија, преку измами и пропаганда, создала изобличена систематска структура која ги повредила интересите на
Албанците и ја спречила нивниот напредок. Време е за длабоки промени, за правдина и правично претставување.

ДУИ, со долга историја на корупција, ги злоупотреби државните институции за манипулирање со албанските граѓани. Третирајќи ги Албанците како „гласачи“, а не како граѓани кои заслужуваат достоинство и еднакви можности, оваа партија го попречи професионалниот развој на Албанците во јавната администрација.

Покрај тоа, многу Албанци останаа во позиции без дефиниран работен статус, и покрај ветувањата дадени низ годините. Овие политики доведоа до губење на надежта и масовно иселување на нашата младост. Коалицијата ВЛЕН на место „балансерот“ ќе воведе нов Закон за правично и адекватно застапеност, кој ќе гарантира целосна еднаквост за сите етнички заедници. Коалицијата ВЛЕН останува посветена на осигурување дека правата на Албанците и на сите други етнички заедници ќе бидат загарантирани, нудејќи владеење базирано на меритократија и правдина.

Крајот на политиките на злоупотреба е неизбежен, и ние сме подготвени да изградиме нов систем, каде граѓаните ќе имаат достоинство и надеж за иднината.

Коалиција ВЛЕН

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан