• понеделник, 23 декември 2024

Влезот во Берово добива ново улично осветлување

Влезот во Берово добива ново улично осветлување

Берово, 6 декември 2024 (МИА) - Во рамки на Програмата за улично осветлување за 2024 година, се проширува и модернизира уличното осветлување на улицата „Маршал Тито“, влезот во Берово, на потегот од ЈП „Национални шуми“ до Макпетрол во Берово, информираше градоначалникот на општината Звонко Пекевски. 

Нова линија на улично осветлување со поставување на електрични столбови, како што соопшти денеска тој, е инсталирана на должина од околу 200 метри.

-Поставени се шест канделабри, со висина од 8 метри. Поставени се светилки,  по сите стандарди за енергетски ефикасно лед осветлување, со што  се подобрува  безбедноста во сообраќајот, особено во ноќните часови, информираше Пекевски.

Активноста на улицата „Маршал Тито“, како што додава, се реализира поради прироритет на граѓаните како улица која е важна сообраќајница.

-Осветлувањето на овој дел од градот исто така е од големо значење за сите жители на Општина Берово и за туристите, кои доаѓаат во Берово, дополни Пекевски.

За поставување на улично осветлување на овој потег, од Буџетот на Општина Берово за 2024 година, ќе бидат потрошени 930.906,00 денари. вс/мд/


Фото: МИА

Остани поврзан