• четврток, 21 ноември 2024

Властите на Гвајана запленија повеќе од четири тони кокаин наменет за Европа

Властите на Гвајана запленија повеќе од четири тони кокаин наменет за Европа

Џорџтаун, 2 септември 2024 (МИА) - Властите на Гвајана вчера запленија над четири тони кокаин со вредност од 200 милиони долари, наменет за Европа Дрогата била пронајдена во подземни дупки во западниот дел на земјата, близу границата со Венецуела, изјави Џејмс Синг, шеф на одделот за борба против дрога во гвајанската царинска служба.

Синг објасни дека наркотрговците ја скриле дрогата во ископани дупки, кои ги покриле со даски.

Засега, никој не е уапсен во врска со пронајдените наркотици.

Во март, гвајанските власти запленија половина тон кокаин и уапсија двајца Венецуелци кои го пренесувале наркотикот. ссм/

фото:архива/илустрација

Остани поврзан