Владина седница под слоганот ,,Слушнете ја иднината” по повод Светски ден на детето
- По повод Светски ден на детето во организација на УНИЦЕФ и Владата на Република Северна Македонија во Свечената сала ќе се одржи владина седница под слоганот „Слушнете ја иднината”.

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - По повод Светски ден на детето во организација на УНИЦЕФ и Владата на Република Северна Македонија во Свечената сала ќе се одржи владина седница под слоганот „Слушнете ја иднината”.
Како што соопштија од владината прес-служба, на седницата деца заедно со премиерот и министрите ќе разговараат за климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени.
По завршување на настанот во 12:30 часот прес-конференција во Медија центарот ќе одржи премиерот Мицкоски. цр/дма/
Фото: МИА архива