• понеделник, 23 декември 2024

Владина делегација положи цвеќе по повод Денот на ослободувањето на Скопје

Владина делегација положи цвеќе по повод Денот на ослободувањето на Скопје

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - По повод одбележувањето на 13 Ноември- Денот на ослободувањето на Скопје, денеска почит на борците кои ги положија своите животи и ја извојуваа слободата, им оддаде владина делегација составена од министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, министерот за образование и наука, Јетон Шакири и заменичката на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, со полагање на цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.

Како што соопштија од владината прес-служба, во чест на сите борци кои учествуваа во ослободувањето на Скопје, членовите на владината делегација положиле цвеќе и на Алејата на заслужни граѓани, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје, пред зградата на Владата. цр/са/

Фото и видео: Влада на РСМ

Остани поврзан