• недела, 22 декември 2024

Владата препорачува инсталирање на „Стоп Корона!“, а од МИОА побара протокол во набавка да оди еден член од семејството

Владата препорачува инсталирање на „Стоп Корона!“, а од МИОА побара протокол во набавка да оди еден член од семејството
Скопје, 18 април 2020 (МИА) - Владата денеска на 44. седница одлучи да им препорача на сите вработени лица во органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, како и се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на вработените лица од приватниот сектор да ја преземат (инсталираат) мобилната апликација „Стоп корона!“. За оваа цел, се укажува на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да ги задолжи сите матични лекари на територијата на Република Северна Македонија на своите пациенти да препорачаат преземање (инсталирање) на мобилната апликација „Стоп корона!“ Воедно, се задолжува Службата за односи со јавност на Владата на Република Северна Македонија да направи интензивен план за медиумско информирање на оваа мобилна апликација, со цел успешно спроведување и почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата. Министерството за информатичко општество и администрација се задолжува да предложи дополнителни стимулативни мерки за лицата кои ќе ја преземат (инсталираат) мобилната апликација „Стоп корона!“. На денешната седница Владата побара од МИОА да подготви и за наредната седница да достави протокол и анализа со која ќе се регулира систем на набавка на прехранбени продукти и лекови, од страна на само еден член од семејство/домаќинство. Владата го задолжи Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на достави предлог – уредба со законска сила која правно ќе се нормира прашањето во однос на воведување на задолжителна самоизолација за сите граѓани кои вршат тестирања за КОВИД-19, најмалку до моментот на добивање на резултатот, согласно епидемиолошката анкета. ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан