• понеделник, 23 декември 2024

Владата на седница ќе го разгледа Извештајот за степенот на реализација на својата Програма за работа

Владата на седница ќе го разгледа Извештајот за степенот на реализација на својата Програма за работа
Скопје, 3 мај 2022 (МИА) - Владата, денеска, ќе ја одржи редовната 42-ра седница, на која според предложениот дневен ред ќе биде разгледан Извештај за степенот на реализација на Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија, како и Информација со Извештај за реализирани активности за 2021 година од Националната стратегија за развој на концептот „Eдно општество за сите и интеркултурализам”.
На денешната седница, членовите на Владата треба да го разгледаат и Предлог-законот за ратификација на измените и дополнувањата на Анекс 4 на Централно-европскиот Договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006), со Протокол за дефинирање на концептот на производи со потекло и методите на административна соработка согласно Одлуката на Мешовитиот комитет на Централно европскиот договор за слободна трговија.
За заклучоците и одлуките по одделните точки од денешната владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување, наведуваат од владината прес - служба. вг/са/

Остани поврзан