• понеделник, 23 декември 2024

Владата на Непал побара од Русија да престане да регрутира Гурки во својата војска

Владата на Непал побара од Русија да престане да регрутира Гурки во својата војска

Катманду, 5 декември 2023 (МИА) – Непал побара од Москва да престане да регрутира непалски граѓани, односно веднаш да ги врати назад сите непалски војници што ги ангажираше. 

Малата хималајска нација ја донесе оваа одлука откако беше откриено дека на фронтот биле убиени шестмина непалски војници кои служеле во руската армија.

„Владата на Непал побара од руската Влада веднаш да ги врати нивните тела и да им плати отштета на нивните семејства“, соопшти непалското Министерство за надворешни работи. 

Во тек се дипломатски напори за ослободување на непалскиот државјанин кој служел во руската армија и бил заробен во Украина.

Амбасадорот на Непал во Москва, Милан Раџ Туладар изјави дека од 150 до 200 Непалци се ангажирани како платеници во руската армија. 

Непалските војници, познати како Гурки, се познати по својата храброст и борбени вештини. Тие им служеа на британската и индиската армија по независноста на Индија во 1947 година, според договорот меѓу трите земји. 

Непал тврди дека нема таков договор со Русија, пренесува Скај Њуз. сд/

фото:Х

Остани поврзан