• петок, 22 ноември 2024

Владата го одобри францускиот предлог, во вторник прва меѓувладина конференција во Брисел

Владата го одобри францускиот предлог, во вторник прва меѓувладина конференција во Брисел
Скопје, 16 јули 2022 (МИА) - Владата на денешната седница ги разгледа и ги усвои заклучоците кои денеска ги изгласа Собранието и донесе одлука за одобрување на предлогот на француското Претседателство. - Со ова, го отпочнуваме процесот на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија, изјави попладнево премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на 60-тата владина седница. Уште еднаш нагласи дека македонскиот јазик е загарантиран и дека нема да се преговара за идентитетските прашања. Потврди дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи на 19 јули во Брисел. Со денешната владина седница, како што додаде Ковачевски, „заокружуваме уште еден објективно историски чекор за нашата земја“. мс/бак/

Остани поврзан