• четврток, 05 февруари 2026
Вкусна салата од печен компир

Салатата од печен компир, ќе го воодушеви секој, а виолетовиот кромид ќе ја разубави.. 

 

 

         Состојки:

  • 600 грама компири со средна големина
  • 4 лажици масло
  • 18 грама сув зачин за компири
  • 3 лажици вински оцет
  • 1 лажица  сенф и црн бибер
  • 1 виолетов кромид
  • 1 лажица сецкан власец

 

Подготовка:
Добро измијте ги компирите, исушете ги и исечете ги на парчиња со дебелина од околу 2 мм.Печете ги компирите во тава со загреано масло додека не поруменат. Извадете ги компирите, додадете го оцетот, сенфот и биберот во дресингот од компири, измешајте и прелијте ги компирите. Додадете го кромидот исечен на парчиња, и нежно измешајте сè заедно.Посипете ја салатата со власец и оставете ја да отстои околу 15 минути. Сервирајте ја топла како јадење или со пржена риба или месо.

Совет:
Испечете ги компирите двапати за да се зготват подобро и полесно.

 

Фото: Фрипик

Остани поврзан