• вторник, 16 јули 2024

Вкупно 189 интервенции за шест месеци имале кавадаречките пожарникари

Вкупно 189 интервенции за шест месеци имале кавадаречките пожарникари
Кавадарци, 26 јули 2022 (МИА) - Вкупно 189 интервенции за шесте месеци од оваа година имале кавадаречките пожарникари, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Оваа единица интервенира на подрачјето на кавадаречка и росоманска општина, но, по потреба помага и во други општини.
-Имаме евидентирано 33 пожари на куќи, подруми, тавани. Регистриравме и 48 гаснења на пламени јазици на отворен простор, сува трева, шамак, шума. Во 38 случаи имаше пријави за пожари на оџаци, а во 43, за горење на контејнери. Техничка интервенција беше реализирана во 25 наврати, соопштија од противпожарната единица.
Оттаму нагласија дека и понатаму, работат и на превентивните мерки, со цел зголемување на противпожарната свест кај населението. свд/сст/
фото МИА архива

Остани поврзан