• среда, 20 ноември 2024

Вицепремиерот Изет Меџити доби „Златен олимписки Оскар“ од Шабан Трстена

Вицепремиерот Изет Меџити доби „Златен олимписки Оскар“ од Шабан Трстена

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска ја примил наградата „Златен олимписки Оскар“ од ветеранот на борењето и олимписки шампион, Шабан Трстена.

Како што соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирње, на осмата по ред церемонија на доделување на „Златниот олимписки оскар“, посветена на спортистите и поддржувачите на спортот,  олимпискиот шампион, Шабан Трстена, му се заблагодарил на вицепремиерот Меџити за сѐ што направил низ годините за борењето и спортот во целина.

- Додека луѓето постигнуваат успеси во животот на поодминати години, Трстена тоа го постигна на своите 19 години, добивајќи го најважниот олимписки медал, златниот, на главниот спортски настан во светот, Олимписките игри и стана дел од светската историја на спортот, што нѐ прави исклучително горди, рекол вицепремиерот Меџити на церемонијата.

Олимпискиот шампион Шабани Трстена е спортистот кој како 19-годишник во 1984 година, од Чаир, отпатува на Олимписките игри во Лос Анџелес каде блесна со последователни победи и се закити со златниот олимписки медал.

Со овој резултат Трстена беше прогласен за најмлад шампион во историјата на олимпизмот, а и сега, 128 години од почетокот на првите Олимписки игри, тој се уште го држи рекордот како најмлад освојувач на златен олимписки медал во борење.ар/цр
Фото: МЖСПП

Остани поврзан