Вицепремиерот Димовски на примопредавање противпожарна опрема за ЈП „Јасен“
- ЈП „Јасен“ ќе добие возила и механизација за заштита и справување со шумски пожари, а на настанот по овој повод ќе присуствува вицепремиерот за политички систем, Љупчо Димовски.
Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Вицепремиерот за политички систем, Љупчо Димовски, денеска ќе присуствува на настан по повод испораката на противпожарна опрема за Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“. Испорачаната опрема вклучува возила и механизација наменети за заштита и справување со шумски пожари.
Како што информира Кабинетот на Димовски, опремата е резултат на проектот „Превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област како средство за адаптација кон климатските промени (WILD-A)“, што се имплементира во рамките на INTERREG VI-A IPA-програмата за прекугранична соработка „Грција - Северна Македонија 2021 - 2027“, финансирана од Европската Унија. мч/са/
фото: МИА