• недела, 22 декември 2024

Висок пораз на Шкупи од Санта Клара во УЕФА Конференциската лига

Висок пораз на Шкупи од Санта Клара во УЕФА Конференциската лига
Скопје, 22 јули 2021 (МИА) – Македонскиот вицешампион Шкупи е пред елиминација во европските купови, откако вечерва загуби во Скопје од португалскиот претставник Санта Клара со 3:0 (1:0) во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига. Санта Клара ја оправда фаворитската улога и сосема заслужено дојде до висока победа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Португалците поведоа со автоголот на Абдул Ратабаје во 30 минута, пред Карлос да ja зголеми предноста во 49 минута. Печат на победата на Санта Клара стави Жоao Коста во третата минута од судиското продолжение. Реваншот во Португалија е на програмата на 29 јули. ег/бт/

Остани поврзан