• четврток, 26 март 2026

Виница му организираше пречек на „бронзениот“ од ЕП во кик-бокс во Италија, Лука Змејковски

Виница му организираше пречек на „бронзениот“  од ЕП во кик-бокс во Италија, Лука Змејковски

Виница, 22 септември 2025 (МИА) - Виничани синоќа му приредија пречек на кикбоксерот, Лука Змејковски, кој се врати од Европското првенство во Италија со бронзен медал на градите.

Градот Виница и граѓаните  го организираа пречекот на Лука во знак на благодарност и признание за врвните резултати што тој во континуирано ги постигнува на домашната и меѓународната сцена.

Свеченоста се одржа на плоштадот „Ангел Винички“, пред Домот на кулурата „Тошо Арсов“ и општинската зграда.

Лука Змејковски е член на клубот „Лидер“ и македонски репрезентативец. Негов тренер е Дарко Гоцевски.

Тој  е еден од  од најперспективните млади спортисти во Македонија. Лука Змејковски претходно освои сребрен медал на Светското младинско првенство во кик-бокс одржано во Унгарија, државен првак и двократен најуспешен спортис на Виница (2023 и 2024 година). ис/за/

Фото: Дом на културата Виница


 
 
 
 
 
 
 
Reply

Остани поврзан