Винисиус сè уште нема нов договор со Реал Мадрид
- Винисиус сè уште не потпишал нов договор со Реал Мадрид, објавија денеска шпанските медиуми
Мадрид, 26 јуни 2025 (МИА) - Винисиус сè уште не потпишал нов договор со Реал Мадрид, објавија денеска шпанските медиуми.
Пред неколку дена беше објавено дека бразилскиот репрезентативец и 15-кратниот клупски шампион ќе го продолжат договорот до летото 2030 година. Се очекуваше тоа да се случи по завршувањето на Светското клупско првенство во САД, а Винисиус требаше да стане најплатениот фудбалер на „Белите“.
Сепак, несогласувањата меѓу раководството на Мадрид и фудбалерот остануваат и сè уште не е познато дали ќе бидат надминати.
Винисиус постигна 11 гола и направи осум асистенции на 30 натпревари во Примера дивизион во текот на сезоната 2024-25.
Крилото е во Реал Мадрид од 2018 година, а претходно играше за тимот Фламенго во неговиот роден град. дс
Фото: Архива