Викендов продолжуваат коњичките турнири и националното првенство
- Со утрешниот „Априлски коњички турнир и 1. коло од отвореното Лига првенство, утре, 30 април почнува пролетниот дел од сезоната 2021/22.

Скопје, 28 април 2022 (МИА) – Со утрешниот „Априлски коњички турнир и 1. коло од отвореното Лига првенство, утре, 30 април почнува пролетниот дел од сезоната 2021/22.
Почетокот на натпреварите на теренот Дрма-Идризово е во 11 часот. Организатор на турнирот е Федерацијата за коњички спорт на РС Македонија и Коњичкиот клуб Анималс од Скопје.
На програмата се три натпревари во прескокнување на пречки со висина од 0,90 м. до 1,20 м. зс/