• четврток, 04 декември 2025

Виз Ер скопски маратон: Имери и Бакрачи најбрзи на полумаратонот

Виз Ер скопски маратон: Имери и Бакрачи најбрзи на полумаратонот

 

Скопје, 5 октомври 2025 (МИА) – Албион Имери од Албанија во машка и во Греса Бакрачи од Косово во женска конкуренција победија на полумаратонската трка кој денеска се одржа во рамки на 21. издание на Виз Ер скопскиот маратон.

Имери ја истрча полумаратонската трка со време од 1:07:57 часа, минувајќи прв низ целта пред македонските натпреварувачи Иван Пешовски (1:11:30) и Александар Арсов (1:12:52).

На женската полумаратонска трка, најбрзо време оствари Греса Бакрачи од Косово, истрчувајќи ја делницата од 21 километар за 1:20:50.

Втора низ целта мина македонската натпреварувачка Теа Божиновска со време од личен рекорд (1:21:10), а третото место го освои сонародничката Милјана Ристиќ Стојчевска (1:22:13).ег

ФОТО: скопски маратон

Остани поврзан