• недела, 22 декември 2024

Видео презентација по повод Денот на независноста на Грузија на централниот плоштад во Скопје

Видео презентација по повод Денот на независноста на Грузија на централниот плоштад во Скопје

Скопје, 26 мај 2024 (МИА) - Грузија денеска го одбележува Денот на независноста – 26-ти мај и по тој повод, во организација на Конзулатите на Грузија со седишта во Скопје и во Штип предводени од почесните конзули Марко Андонов и Дарко Гацов, на големиот екран на централниот плоштад во Скопје беа поставени видео презентации на кои се прикажани дел од природните и културните обележја на Грузија.

Денот на независноста 26 мај е државен празник во Грузија кој го одбележува усвојувањето на Актот за независност од 26 мај 1918 година, со кој е основана Демократска Република Грузија по руската револуција од 1917 година.

Македонско-грузиски дипломатски односи официјално се воспоставени на 16 февруари 2019 година, за време на Минхенската безбедносна конференција, кога министрите за надворешни работи потпишаа Протокол за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји. аа/

Фото: Почесен конзул на Грузија со седиште во Скопје

 

Остани поврзан