• петок, 22 ноември 2024

Видеоиграта Супер Марио од 1985 година продадена на аукција за 114.000 долари

Видеоиграта Супер Марио од 1985 година продадена на аукција за 114.000 долари
Вашингтон, 11 јули 2020 (МИА) - Неотворен примерок од видеоиграта „Супер Марио Брос“ од 1985 година вчера е продаден на аукција во САД за рекордни 114.000 долари. Досега најскапо платена видеоигра беше јапонската верзија на „Мега ман“ од 1987 година, за која беа платени 75.000 долари. Јапонската компанија Нинтендо ја претстави играта Супер Марио Брос во 1985 година, за подоцна главниот јунак Марио да еволуира во 3Д-икона на видеоигрите, а снимени се и телевизиски серии и филм со него. ми/

Остани поврзан