• четврток, 14 ноември 2024

Вечер посветена на творештвото на учесниците на ПРО-ЗА Балкан

Вечер посветена на творештвото на учесниците на ПРО-ЗА Балкан
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Со читање извадоци од делата на годинашните учесници, вечер, во Даут Пашин амам, во Скопје, ќе биде затворен 10. Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан. Според програмата, пред публиката ќе се претстават книжевниците Рајко Грлиќ, Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Елена Алексиева, Владислав Бајац, Томислав Османили и Пијан Славеј. На последниот, трет ден на фестивалот во сеќавање на Луан Старова, од Дита Старова ќе биде прочитан и извадок од негово дело. Видео обраќање пред публиката ќе има и годинашата добитничка на наградата „Прозарт“, македонската писателка Оливера Николова. вг/лв/

Остани поврзан