• петок, 05 декември 2025

Вечерва двојна програма во ЦК „Бели мугри“ – Промоција на книга од Гијовски и изложба од Тошо Филиповски

Вечерва двојна програма во ЦК „Бели мугри“ – Промоција на книга од Гијовски и изложба од Тошо Филиповски

Кочани, 21 ноември 2025 (МИА) - Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани за вечерва се закажани два настана. Во 18 часот во малата сала ќе се одржи промоцијата на книгата: „ Стојанче Стефанов“ од м-р Марјан Гијовски. Во 19:30 часот следува ретроспективната изложба: „ Бучава што создава идентитет“, за 60 години македонска рок музика и поезија (1963-2023), авторско дело на Тошо Филиповски.

Kнигата на Гијовски е посветена на 24-годишниот Стојанче Стефанов, 62-ра жртва во пожарот во „Пулс“ од 16 март оваа година. Промотор е роднокрајниот автор Ленче Стоименова, а модератор професорот по македонски јазик Доне Донев, актер и автор на повеќе книги и драмски текстови.

 „Бучава што создава идентитет“ на Филиповски, пак, претставува визуелна и документарна приказна за развојот на македонската рок сцена, преку внимателно одбрани фотографии од легендарни бендови, портрети на нивните фронтмени и уникатни рачно испишани текстови на песни – автентични документи, кои ја носат енергијата, естетиката и духот на различните генерации што ја градеа оваа музичка традиција.

Двата настана се подржани од Министерството за култура и туризам. ис/вј/

Фото: плакат ЦК „Бели мугри“

 

Остани поврзан