• петок, 05 декември 2025

Ветеранката Венус Вилијамс го заврши настапот во Вашингтон

Ветеранката Венус Вилијамс го заврши настапот во Вашингтон

 

Вашингтон, 25 јули 2025 (МИА) – Легендарната американска тенисерка и освојувачка на седум грен слем титули, 45-годишната Венус Вилијамс во 2. коло го заврши настапот на ВТА турнирот во Вашингтон, откако се врати на теренот по пауза од 16 месеци.

Поуспешна од американската ветеранка беше 24-рангираната на ВТА листата Магдалена Фреч од Полска со 2-0 во сетови (6-2, 6-2).

„За жал, денеска останав без енергија. Четири натпревари во првата недела од моето враќање беа премногу“, изјави Венус Вилијамс, која одигра два натпревари во сингл и два натпревари во двојки во Вашингтон.

Својот следен настап Вилијамс ќе го има на турнирот во Синсинати. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан