• петок, 05 декември 2025

Вестбрук и Симонс бараат повеќе од минимум за ветерани и можат да останат без клуб

Вестбрук и Симонс бараат повеќе од минимум за ветерани и можат да останат без клуб

Њујорк, 1 септември 2025 (МИА) - Слободните агенти Бен Симонс и Расел Вестбрук би можеле да останат без договори пред почетокот на подготвителниот период во НБА-лигата, бидејќи бараат договори што го надминуваат минимумот за ветерани. 

- Ми се допаѓаат двајцата играчи и мислам дека би можеле да ни помогнат. Но, искрено, тие се само за минимумот. Нивните опции се ограничени во моментов, изјави еден НБА скаут за „Hoops Wire“. 

Сосема е можно двајцата кошаркари да останат без клуб во следниот период.

-Видете, веќе не е 2017 или 2019 година. Ако Вестбрук или Симонс не потпишат, нема да биде голема работа. Можете да најдете помлади момци како нив за помалку пари. Не е ништо лично. Но, секој старее, а Симонс има некои сериозни недостатоци кои нема да исчезнат. Па зошто да не му дадете шанса на некој друг, изјави друг скаут за „Hoops Wire“. 

Последен клуб на 36-годишниот Вестбрук беше Денвер нагетс, додека 29-годишниот Симонс минатата сезона играше за Лос Анџелес клиперс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан