• вторник, 16 јули 2024

Вестбрук за исвиркувањето од навивачите на Лејкерс: Нема да размислувам за тоа кога ќе си одам дома

Вестбрук за исвиркувањето од навивачите на Лејкерс: Нема да размислувам за тоа кога ќе си одам дома
Лос Анџелес, 1 март 2022 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс не е многу засегнат од негодувањата на навивачите на „езерџиите“ поради слабите игри на тимот кој важеше за еден од фаворитите за највисок пласман. Лејкерс вчера загубија од Њу Орлеанс (95:123), а поразот предизвика исвиркувања од домашната публика за Вестбрук и соиграчите. - Дали ќе размислувам за тоа дома? Не, имам три прекрасни деца и жена дома. Дефинитивно нема да мислам на навивачите. Тие што не исвиркаа нека мислат дома. Воопшто не се грижам за тоа. Тоа не ми значи ништо, изјави Вестбрук на прес-конференцијата по мечот со Њу Орлеанс. По 60 одиграни натпревари Лејкерс имаат биланс 27 победи и 33 порази за во моментов 9. место на табелата во Западната конференција од НБА-лигата. зс/

Остани поврзан