• недела, 22 декември 2024

Весникот Волстрит журнал повика рускиот амбасадор и сите руски новинари да бидат протерани од САД

Весникот Волстрит журнал повика рускиот амбасадор и сите руски новинари да бидат протерани од САД

Вашингтон, 31 март 2023 (МИА) - Весникот Волстрит журнал, чиј новинар Еван Гершкович вчера беше задржан во Русија по обвиненија за шпионажа, ја повика Администрацијата на Џо Бајден да размисли за „дипломатска и политичка ескалација“ во односите со Москва. 

- Протерување на амбасадорот на Русија во САД, како и на сите руски новинари кои работат овде, ќе биде минимумот што може да се очекуваВрвна обврска на владата на САД е да ги заштити своите граѓани. Премногу влади сега сметаат дека можат неказниво да задржуваат и ставаат во затвор Американци, се вели во денешниот уреднички коментар на изданието. 

Обвиненијата за шпионижа против својот новинар весникот ги опиша како неосновани и посочи дека неговото апсење „ја засилува навиката на Кремљ да зема Американци како заложници“. Ова повторно го враќа фокусот на Американци, Руси и размена на затвореници, посочува весникот. 

Новинарот Гершкович вчера беше уапсен во Екатеринбург. Московски суд синоќа му изрече мерка притвр од два месеца.  

Медиумски организации од целиот свет денеска се приклучија на повикот за осуда на апсењето на американскиот новинарот во Русија. кб/паг/ 

Остани поврзан