• вторник, 24 декември 2024

Весковски: Развој на „Паметна општина“ преку дигитализација

Весковски: Развој на „Паметна општина“ преку дигитализација
Скопје, 22 октомври 2021 (МИА) - Нашата политика во наредните четири години е развој на „Паметна општина“ преку дигитализација, односно употреба на ИКТ, што придонесува за зголемување на оперативната ефикасност, споделувањето и разменувањето информации со јавноста и го унапредува квалитетот на општинските јавни услуги и благосостојбата на граѓаните, соопшти кандидатот на СДСМ за градоначалник на Карпош Душко Весковски. Реализацијата на оваа политика, како што појаснува, вклучува: поголема партиципативност на граѓаните во планирањето и креирањето на буџетот на Општината, поголема контрола на буџетските трошоци и нивно намалување, подобрување на услугите и интеракцијата со граѓаните, ефикасно планирање и одржување на инфраструктурата и ефикасно и подобро управување и наплата на даноците. мс/

Остани поврзан