• петок, 19 јули 2024

Весковски: Нашата визија е Карпош да се развие во општина со највисок степен на дигитализација на јавните услуги

Весковски: Нашата визија е Карпош да се развие во општина со највисок степен на дигитализација на јавните услуги
Скопје, 27 септември 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ и коалицијата Душко Весковски денеска на брифинг со новинарите презентираше поенти од програмата по повод отпочнувањето на кампањата за престојните локални избори 2021. Како најважни поенти од програмата беа издвоени нов голем зелен парк во Карпош 4, зголемување на енергетската ефикасност и намалување на загаденоста, високо ниво на комунална хигиена, одржување и зголемување на зелените површини, заштита на природните водени ресурси, изградба на две нови градинки и реконструкција на постојните капацитети, детска заштита, образование и култура, зголемена соработка со бизнис секторот. - Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ и коалицијата, воден од мотото на кампањата „Најдоброто за Карпош“ ќе води позитивна кампања, со почит и разбирање за потребите на граѓаните. Ќе води позитивна кампања и на сите настапи со своите противкандидати водејќи транспарентна дискусија и претставување на својата програма, се вели во соопштението. Во видеообраќање кандидатот за градоначалник Весковски нагласува дека нивната визија за наредните четири години е Карпош да се развие во општина со највисок степен на дигитализација на јавните услуги, со хумана и планска урбанизација што го штити јавниот интерес, ја почитува приватната сопственост и придонесува за економскиот развој, со највисок процент на зелени површини во Градот и Републиката, со чисти улици по кои ќе се движат повеќе велосипеди, а помалку автомобили, со развиена социјална и културна инфраструктура. - Сакам да ве уверам дека нашата визија за Лептокарија, за Млечен, за Делфинa, за мултиетничко Нерези, за Карпош 1, 2 и 3, за новиот парк во Карпош 4, за планската урбанизација кон Злокуќани и Бардовци, за романтично Тафталиџе 1 и 2, за Козле, Трнодол и Жданец, можеме заеднички да ја оствариме, со вас. Подготвен сум во овој предизвик да го вградам целокупното досегашно мое лично, политичко, но пред сѐ, професионално знаење и искуство, вели Весковски во видеообраќањето. https://www.youtube.com/watch?v=-sGW6ACcuEM

Остани поврзан