• петок, 22 ноември 2024

„Верџ“: Фејсбук ќе добие ново име

„Верџ“: Фејсбук ќе добие ново име
Лос Анџелес, 20 октомври 2021 (МИА) - Фејсбук планира да го промени своето трговско име следната недела, објави блогот „Верџ“ на „Вокс медија“, повикувајќи се на „добро информиран извор“. Целта, наводно, е сосредоточеност на концептот на извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг. Цукерберг, наводно, планира да говори за промената на името, на годинешната конференција на компанијата на 28 октомври, но веста може да биде објавена и порано. Ребрендирањето најверојатно ќе го постави Фејсбук како еден од повеќето производи на „компанијата мајка“, којашто исто така ги контролира и Инстаграм, Ватсап, Окјулус и другите. Засега не се соопштува кое е новото име.  си/

Остани поврзан