Вернер ја откри причината за неговиот трансфер во Челси
- Новото засилување на Челси, Тимо Вернер ја истакна главната причина поради која се согласи да се приклучи на тимот. Ова е менаџерот на „сините“, Френк Лампард.
Лондон, 28 јули 2020 (МИА) - Новото засилување на Челси, Тимо Вернер ја истакна главната причина поради која се согласи да се приклучи на тимот. Ова е менаџерот на „сините“, Френк Лампард.
- Тој беше главната причина. Разговаравме многу за работи како што е шемата, како тој сака да играме, како ме гледа во игра и како ќе ми одговара шемата. Тој е многу пријатен човек кој не само што ми кажа што сака од мене како фудбалер, туку сака и да ми помогне како личност. Тој ме познава малку подобро сега, и работите се одвиваат многу добро меѓу нас, и јас сум среќен што сум тука, вели Вернер.
Според него, остварување на сонот е дапреминеш во голем клуб како Челси каде играле многу легенди. - Знам за играчи од минатото кои ја освоија Лигата на шампионите - Дидиер Дрогба, мојот нов менаџер Лампард и техничкиот советник Питер Чех. За мене е како малку сон, но не сакам да бидам ист фудбалер како и тие, туку да бидам дел од новата ера овде, така што ќе играм за да се обидам да дадам се од себе, посочи Германецот.'I want to be part of a new era here'
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 28, 2020
Watch @TimoWerner's first interview in full on the Chelsea app. 👊
Стилот на Премиер лигата е многу брз, смета Вернер, а негова посебна карактеристика е што е навистина брз и затоа мисли дека е совршен за играта на Островот. - Ова е уште едно првенство во друга земја, така што можам да се подобрам за да достигнам друго ниво. Ова се причините зошто дојдов во Премиер лигата и Челси. Ќе се обидам да постигнам што е можно повеќе голови за тимот, најмногу заради тоа што бев привлечен - да ги донесам моите голови од Лајпциг и можеби да постигнам повеќе од таму, изјави Вернер за веб-страницата на клубот.Looking sharp, @TimoWerner! 🔥 pic.twitter.com/6WmPCHBdzF
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 28, 2020