• вторник, 24 декември 2024

„Вера сонува за морето” со две награди на Интернационалниот филмски фестивал и форум за човекови права

„Вера сонува за морето” со две награди на Интернационалниот филмски фестивал и форум за човекови права
Скопје, 17 март 2022 (МИА) - Филмот „Вера сонува за морето” освои две награди на годинашниот Интернационален филмски фестивал и форум за човекови права вo Швајцарија. Автентичноста на ова дело ја прикажува ситуацијата на семејството и жената во Косово и на Балканот, што соодветно, беше длабоко убедлива за членовите на жирито. Инспирирани од сопственото искуство на режисерката, храброста и издржливоста на главните ликови, ни даваат надеж за подобар свет за сите оние кои се борат за правда, еднаквост и мир“. Наградата на младинското жири, исто така, беше доделена на „Vera Dreams of the Sea”, филм кој постигнува „величествен баланс помеѓу естетизмот и реализмот“. Филмот „Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, преведувач на знаковен јазик,која по самоубиството сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив. Во филмот главната улога е Вера, играна од актерката Теута Ајдини-Јегени, првенката на Албанскиот театар во Скопје, потоа еден од најпознатите актери од земјава, Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши. Режисер на филмот е Калтрина Красниќи, сценариото е на Дорутина Баша, кинематографер е Севдије Кастрати. Монтажер на филмот е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски. Композитор на филмот е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски, а продуцент од нашата држава е Огнен Антов. Филмот е копродукција меѓу „Дрим Фектори“, од Македонија (ко-продуценти Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), Косово „Истра креатив фектори“ (продуцент: Шкумбрин Истрефи) и Албанија „Пападимитри филм“ (ко/продуцент: Дионис Пападимитри). „Интернационалниот филмски фестивал и форум за човекови права” е еден од водечките меѓународни настани посветени на филмот и човековите права. Во изминатите 20 години, Фестивалот се одржуваше во срцето на Женева, главниот град на човековите права, паралелно со годишната главна сесија на Советот за човекови права на ОН.бт/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан