• вторник, 25 јуни 2024

Велосипедскиот клуб „Феникс“ од Тетово во недела организира велосипедска трка низ градот

Велосипедскиот клуб „Феникс“ од Тетово во недела организира велосипедска трка низ градот

Тетово, 26 ноември 2022 (МИА) - Во недела - 27 ноември низ тетовските градски булевари велосипедскиот клуб „Феникс“ ќе организира трка, која започнува во 11 часот во центарот на градот. Станува збор за кружна трка од кружниот тек кај плоштадот до излезот кон Скопје на кружниот тек кај Монопол и назад.

екој велосипедист вози индивидуално и мерењето ќе биде дигитално чип, а секој натпреварувач ќе стартува 20 секунди после првиот натпреварувач. Натпреварувачите ќе возат на во категориите У13 (под 13 години) на должина од 1,9 километри или два круга, -У 15 должина 5.7 км или три круга. – Жени и кадети 9.5км или пет круга, -Мастер, Јуниор, У-23 и Елит должина 19 км или десет круга, најави Сенад Идризи од клубот „Феникс“.

Категорија ХОБИ стартува после завршување на возењето на натпреварувачите. ас/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан