• недела, 22 декември 2024

Велковски: Обезбедиме пет негуватели за Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Скопје"

Велковски: Обезбедиме пет негуватели за Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Скопје

Скопје, 9 април 2024

Лицата со попреченост од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци "Скопје" ќе добијат 5 негователи, откако денеска на седница на Влада беше усвоена одлуката по барање на министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

- Денес успеав на седница на Влада да обезбедам вработувања на 5 негователи, кадар кој беше неопходен за непречено функционирање. За жал, корисниците ја немаа специјалната нега, дел од нив се заковани за креветите, со отворени рани и декубити, а други примаат храна преку сонда. Нема да дозволам во иднина да се загрозува функционирањето на процесот на деинститиционализација, а со тоа и здравјето на корисниците” вели министерот Велковски. 

Лицата со попречености беа оставени на милост и немилост без нега и грижа од страна на претходното ракoводство, за што Велковски порачува дека социјалната политика и заштита е и ќе остане приоритет во неговото работење.

Кабинет на техничкиот министер за труд и социјална политика

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан