Велика Британија ги обновува дипломатските односи со Сирија
- Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами на денешната посета на Дамаск вети 94,5 милиони фунти помош за Сирија

Дамаск, 5 јули 2025 (МИА) – Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами на денешната посета на Дамаск вети 94,5 милиони фунти помош за Сирија.
- Се враќа надежта кај сирискиот народ. Во наш интерес е да ја поддржиме новата влада да ја исполни својата обврска за градење стабилна, побезбедна и попросперитетна иднина за сите Сиријци, истакна Лами по средбите со средбите со неговиот сириски колега, Асад Хасан ал Шибани, и претседателот Ахмед ал Шара.
Посетата на Лами на Сирија е прва на британски министер за 14 години.
- Стабилноста во Сирија ќе го намали ризикот од нелегална миграција, ќе обезбеди уништување на хемиското оружје и ќе помогне во справувањето со заканата од тероризам, посочи Лами.
Тој ја нагласи и важноста од „сеопфатна и репрезентативна политичка транзиција“ во Сирија и ја изрази подготвеноста на Велика Британија да продолжи со поддршката.
Сирија ги подобри односите со западните земји по соборувањето на во декември минатата година, во офанзива предводена од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам. Новите сириски лидери се обидуваат да ја обноват опустошената економија и инфраструктура на земјата по речиси 14 години граѓанска војна, во која загинаа половина милион луѓе.
Предвидено е Лами од Дамаск да отпатува за Кувајт, каде ќе разговара за регионалната безбедност и зајакнувањето на билатералните односи. Се очекува да објави ново партнерство со Кувајт за решавање на хуманитарната криза во Судан. ми/
фото: ЕПА