• понеделник, 23 декември 2024

Велика Британија воведе санкции на руски војници поврзани со употреба на хемиско оружје во Украина

Велика Британија воведе санкции на руски војници поврзани со употреба на хемиско оружје во Украина

Лондон, 8 октомври 2024 (МИА) - Велика Британија воведе санкции против руски војници кои ги смета за вмешани во користењето на хемиско оружје на бојното поле во Украина.

На црната листа се додадени руските единици за радиолошка, хемиска и биолошка заштита, како и нивниот раководител, Игор Кирилов, се наведува во соопштението на британската влада.

Русија засега не ги коментираше воведените санкции.

Минатата недела, Лондон воведе ограничувачки мерки против 16 членови на руската кибер-криминална група „Ивил корп“, која, според британските власти, извршувала операции против НАТО-сојузниците. ссм/

фото: архива

Остани поврзан