• понеделник, 23 декември 2024

Велешки ЈКП „Дервен“ со апел до потрошувачите сметките да ги плаќаат електронски

Велешки ЈКП „Дервен“ со апел до потрошувачите сметките да ги плаќаат електронски
Велес, 12 април 2021 (МИА) - Поради состојбата со коронавирусот во државата ЈКП „ДЕРВЕН“ – Велес ги потсетува сите граѓани дека како нивни корисници бесплатно може да ги користат онлајн услугите за детална проверка на сметките за потрошена вода и електронско плаќање на доставените до нив сметки за комуналните услуги. За да можат да ги користат услугите потребно е да се најават во системот на www.e-derven.mk“. Како што посочуваат, плаќањето е без провизија, брзо, сигурно и едноставно. На овој начин граѓаните ќе избегнат посета на банки, пошти и наплатни центри. -За подетални информации и забелешки можете да не контактирате на support@jkp-derven.com.mk или на телефон 043/231-011 локал 134. За да можете да го користите системот за е-наплата потребно е да извршите регистрација и тоа со следните податоци: е- маил адреса, лозинка, име и презме, шифра на корисник и телефон, соопштија од ЈКП „ДЕРВЕН“ – Велес.ад/бт/

Остани поврзан